Фаучи: САД остануваат во СЗО и може да се приклучат на Ковакс

Фаучи додаде дека САД ќе ги исполнат своите финансиски обврски кон СЗО и ќе престанат да ги отповикуваат вработените кои работат со организацијата.

242

Главниот медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден, Ентони Фаучи, денеска потврди дека САД ќе останат членка на Светската здравствена организација (СЗО).

Бајден вчера потпиша извршна наредба за укинување на одлуката на администрацијата на Доналд Трамп за повлекување на земјата од СЗО.






Фаучи додаде дека САД ќе ги исполнат своите финансиски обврски кон СЗО и ќе престанат да ги отповикуваат вработените кои работат со организацијата.

Тој исто така соопшти дека Бајден најверојатно ќе потпише директива со намера да се приклучи на иницијативата Ковакс, чија цел е да се обезбеди рамномерна дистрибуција на вакцината за коронавирусот низ целиот свет.

Поврзани содржини