Фаучи: Пандемијата сѐ уште не е завршена, тоа е мојот најлош кошмар
Американскиот експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, предупреди дека пандемијата на коронавирусот сѐ уште не е завршена и ја опиша како „најлош кошмар“.
– Еболата беше страшна. Но, таа не може лесно да се пренесе… Сега имаме нешто што се претвори во мој најлош кошмар. За четири месеци, пандемијата го уништи целиот свет – рече Фаучи.
Тој посочи дека има милиони и милиони заразени низ целиот свет во многу кратка временска рамка.
На конференцијата организирана од Организацијата за биотехнолошки иновации, Фаучи призна дека е изненаден од брзината со која се шири коронавирусот, но додаде дека е убеден дека ќе се најде вакцина.