Фаучи: Делта сојот е закана за искоренувањето на ковид-19 во САД
Фаучи потсети дека вакцините одобрени во САД, вклучувајќи ја и вакцината Фајзер/Бинтек, се ефикасни против тој сој.
Делта варијантата на коронавирусот, што за првпат беше откриена во Индија, е најголемата закана за напорите на САД за искоренување на ковид-19, изјави на прес-конференција американскиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи.
– Делта сојот на коронавирус е несомнено полесен за пренесување отколку оригиналната варијанта – нагласи Фаучи, додавајќи дека тој вид станува глобално доминантна верзија што предизвикува посериозна клиничка слика кај пациентите.
Фаучи потсети дека вакцините одобрени во САД, вклучувајќи ја и вакцината Фајзер/Бинтек, се ефикасни против тој сој.
– Имаме алатки и мора да ги користиме за да го спречиме новото ширење на вирусот – рече Фаучи.