ФАТЕНИ НА ДЕЛО СО МРЕЖИ Албанци ловеле охридска пастрмка, добија обвинение и притвор

Двајца албански државјани обвинети за незаконит риболов во заштитена зона на Охридското Езеро.

509

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинителен акт против две лица – државјани на Република Албанија, кои се товарат дека нелегално ловеле риба во води каде што риболовот е строго забранет. Инцидентот се случил на 4 јули, во близина на месноста Свети Стефан, на оддалеченост од околу 6,5 километри во езерските води.

Како што информираат од Обвинителството, двајцата обвинети биле затекнати во кајче, додека со поставена висечка мрежа вршеле риболов. При контролата кај нив биле пронајдени три уловени примероци од охридска пастрмка – заштитен вид кој е под постојан мониторинг.






„Со фаќањето на охридска пастрмка во заштитен реон, двајцата обвинети како соизвршители сториле кривично дело – Незаконит риболов, предвидено и казниво по член 229 став 1 од Кривичниот законик,“ информираат од ОЈО Охрид.

Во обвинението, јавниот обвинител побара продолжување на претходно определената мерка притвор, имајќи предвид дека постои опасност обвинетите да го повторат делото или да се дадат во бегство.

Поврзани содржини