📽️ ФАТЕНИ ДИЛЕРИ СО ЕКСТАЗИ И АМФЕТАМИН Уапсени маж и жена во скопски Карпош

Полицијата при претрес во дом во Карпош пронашла амфетамин, екстази, марихуана и дигитална вага, следуваат кривични пријави.

258

Две лица од Скопје се уапсени синоќа под сомнение за недозволена трговија со дрога, откако полицијата при претрес во стан во Карпош пронашла поголемо количество наркотични средства.

Станува збор за 36-годишниот М.М. и 29-годишната К.М., двајцата од Скопје, кои биле лишени од слобода околу 20 часот во акција на Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност.






По претходно обезбедена судска наредба, полицијата извршила претрес во домот на К.М., каде биле пронајдени и одземени амфетамин, таблети екстази, марихуана, како и дигитална вага, што упатува на сомнение за препродажба на дрога.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини