📽 ФАТЕН ОГРОМНИОТ ЛАВ КОЈ ШЕТАШЕ ПО РИМСКИТЕ УЛИЦИТЕ! Животното побегнало од циркус и речиси 6 часа шетало слободно!

Според весникот Месаџеро, лавот бил успиен со инјекција, а циркусот од кој избегал се наоѓа на 500 метри од местото каде што бил пронајден по речиси шест часа.

346

Големиот лав кој во саботата попладне избега од циркус во италијанскиот град Ладиполи во близина на Рим е фатен, објави во саботата вечерта градоначалникот Алесандро Грандо.

„Лавот е успиен и заробен. Сега ќе биде предаден на вработените во циркусот“, напиша Грандо на платформата Икс и изрази надеж дека овој случај ќе помогне да се промени односот кон експлоатацијата на животните во циркусите.






Според весникот Месаџеро, лавот бил успиен со инјекција, а циркусот од кој избегал се наоѓа на 500 метри од местото каде што бил пронајден по речиси шест часа.

 

На социјалните мрежи кружи снимка на која се гледа како лав се шета низ улиците на Ладиполи.

Градоначалникот ги повика жителите да не излегуваат, но локалните медиуми објавија дека некои граѓани ги напуштиле своите домови со оружје во потрага по лавот.

 

Како што потсетува италијанскиот весник, лавот попладнето избегал од циркусот и талкал по улиците на градот, а потрагата по него во Ладиполи продолжила во текот на попладневните и вечерните часови.

Околу 22 часот, лавот е забележан како се тетерави во областа Церета како резултат на инјекцијата за смирување со која бил погоден.

 

Поврзани содржини