ФАТЕН КРАДЕЦ НА ТРИ ВОЗИЛА Приведен е тетовец за поседување дрога

181

Полициски службеници од СВР Тетово, денеска во 8 часот го лишиле од слобода Д.М.(26) од Тетово, откако при претрес во неговиот дом е пронајдена дрога.

„По претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.М., во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, при што биле пронајдени марихуана и дробилка“, наведуваат од МВР.






Д.М. е приведен и по  целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Синоќа во 21.50 часот во тетовско Долно Палчиште, пак, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Џ.Р.(47) од тетовско Синичане. Тој се сомничи дека  претходно извршил кражба на плац за градежни работи, сопственост на А.А. од истото село.
Џ.Р. е приведен во полициска станица, а кај него се пронајдени предметите од извршеното кривично дело, кои што подоцна со потврда му се вратени на сопственикот.
По документирање на случајот и против Џ.Р.  ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода во рамки на Единицата за внатрешни работи Кисела Вода при СВР Скопје вчера во 15.20 часот во Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(22) од Скопје, за кого била распишана потерница, со која се барал поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, казниво по чл.236 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внтрешни работи.

Тој на 22/23.05.2021 од чамец на езерото Козјак одзел мотор, разна риболовна опрема и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист.

Полициски службеници од ЕВР ОКР Ѓорче Петров на 20 април во 13.30 часот од слобода го лишиле Н.А.(31) од Скопје, а вчера против него е поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение за сторени три кривични дела за „одземање на моторно возило“ по чл. 242 и едно кривично дело „кражба“ по чл. 235 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Имено, на 02.11.2020 во 18.10 часот, во скопски Сарај, Н.А. од Скопје, искористил погоден момент и бесправно одзел патничко возило „мерцедес“, сопственост на М.З.(52) од  Скопје. Подоцна, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Сарај, одземеното возило било пронајдено на автопатот Тетово-Скопје, при што било констатирано дека од него се одземени уште неколку предмети.

Исто така, на 15.12.2021 во 16 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. искористил невнимание на Б.Т.(57) од Гостивар и одзел патничко возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а во сопственост на јавно претпријатие. Одземеното возило малку подоцна било пронајдено од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на локалниот пат с.Шишево – с.Грчец.  Притоа било констатирано дека од возилото Н.А. одзел повеќе лични предмети.

На 25.01.2022 во 18.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. на ист начин одзел патничко возило на „фолксваген пасат“, сопственост на М.Т.(45) од Скопје, од кое исто така одзел повеќе лични предмети. Возилото било пронајдено од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во место викано „Ниви“, атар во с.Грчец.

Н.А. бил приведен во просториите на Полициска станица Ѓорче Петров, со него е извршен службен разговор, по што е изведен пред Судија на претходна постапка, од кого му е изречена мерка притвор, информираат од МВР.

Поврзани содржини