ФАТЕН Е КРАДЕЦОТ ВО ЦРКВАТА СВЕТИ ПЕТАР Маж на возраст од 42 години украл пари од храмот
Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок осомничениот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд – Гостивар.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 11.10 часот на улица Гоце Делчев го лишија од слобода 42годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште, поради сомнеж дека во периодот 18-19 септември извршил тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари, соопшти МВР.
– Увид изврши екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, додека Н.А. е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот – информираат од МВР
Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок осомничениот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд – Гостивар.