Педесет и деветгодишниот вдовец Цветан Крстески е уште една жртва на измама на „фаталната“ прилепчанка, против која има кривични пријави за кражба, објави ТВ Сител.
Се запознале преку нејзина пријателка, а по година и пол заеднички живот, таа успеала да му извлече милион и шестотини илјади денари, преку банкомат. За измамата Цветан дознал, откако отишол до банка да извади пари.
Како што објави Сител, два месеца по настанот, љубовницата си заминала, без никаква најава. Парите не ги вратила. Поради тоа Цветан, неколку пати пријавил во полиција.
Претходно, жената на сличен начин успеала да измами и 56-годишниот скопјанец, кој останал без 3.000 евра со кои планирал да исплати семеен долг.