ФАШИСТИЧКИ АСПИРАЦИИ КОН МАКЕДОНИЈА Осуди од македонската дијаспора за бугарските провокации

Тргнувајќи од оваа бугарска небулозна окупаторска идеологија, каква ли е таа светла пријателска иднина помеѓу Македонија и Бугарија – прашуваат од ОМД.

243

Обединета Македонска Дијаспора ги осудува сите претензии и аспирации на бугарските политички партии кон Македонија и ги оценува како дискриминација и расизам кон Македонија, Македонците и кон македонското малцинство во Бугарија. ОМД посебно ги осудува фашистичките аспирации кон Македонија искажани од евроратеникот Ангел Џамбаски.

„Дали можеме да замислиме политичарите кои претставуваат земја членка на Европската Унија да се однесуваат на овој начин, како што се однесуваат овие бугарски политичари кон Македонците кои живеат, растат и творат во Бугарија? Тргнувајќи од оваа бугарска небулозна окупаторска идеологија, каква ли е таа светла пријателска иднина помеѓу Македонија и Бугарија кога самата Бугарија не е спремна за отворање на своите граници? Наместо со факти, последните бугарски фашисти се борат со напади и со прикажување фашистички карти, од кои и самите знаат дека изгубиле многупати во историјата” – се вели во соопштението на ОМД.

Поврзани содржини