ФАРМЕРКИТЕ НИКОГАШ НЕ ГИ ПЕРЕТЕ ВО МАШИНА Стилистка никогаш не ги става во вода, туку само го прави ова! (ВИДЕО)

Не ги мијте со вода! Тоа влијае на обликот, начинот на кој тие изгледаат, бојата побрзо исчезнува и никогаш нема да ви одговараат како пред миење - предупреди таа во видеото кое има повеќе од 800.000 прегледи.

2,507

Стилистката со своето видео на ТикТок ги изненади сите, а во него објаснува дека фармерките никогаш не треба да се мијат во вода.

Повеќето од нас ги мијат фармерките во машина, на постудена програма бидејќи знаеме дека топла вода може да ги уништи влакната и да им го скрати рокот на траење, но никогаш не сме слушнале дека водата не смее да ги „допре“! Ако навистина имате омилен пар, можеби ќе ги измиете на раце, но стилистката Ранија Батал вели дека и вие не треба да го правите тоа.






– Не ги мијте со вода! Тоа влијае на обликот, начинот на кој тие изгледаат, бојата побрзо исчезнува и никогаш нема да ви одговараат како пред миење – предупреди таа во видеото кое има повеќе од 800.000 прегледи.

Ставете ги претходните фармерки во пластична кеса што добро се затвора, а потоа оставете ги во замрзнувач!

– Оставете ги во замрзнувач два дена, ќе бидат како нови. Знам дека ова звучи гадно, но навистина функционира – рече Ранија.

Под видеото се водеше вистинска дискусија, некои се ужаснуваат од фактот дека ниту едно средство за чистење нема да ја отстрани нечистотијата од ткаенината, други велат дека овој трик функционира – што мислите, кажете ни во коментарите!

Слична изјава неодамна даде директорот на модна компанија која стана позната по фармерки, велејќи дека неговите фармерки „никогаш не ја виделе внатрешноста на машината за перење“!

 

@ranyabatalDo Not Wash Your Jeans! I know it’s gross, but trust me! ##fyp ##fashion ##style ##tips

♬ original sound – Ranya Batal

Поврзани содржини