FACEBOOK И WHATSAPP ЌЕ НАПЛАЌААТ НАДОМЕСТОЦИ Се движат од 2 до 5%

Мета наведе шест земји каде што ќе се применуваат надоместоците, почнувајќи од 2% во Велика Британија, повеќе од 3% во Франција, Италија и во Шпанија до 5% во Австрија и во Турција.

25

Мета објави дека ќе им наплаќа на огласувачите надомест за локација од 2 до 5% за покривање на даноците за дигитални услуги што ги наметнуваат некои европски земји.

Американскиот технолошки гигант во објава на својата веб-страница информира дека ќе наплаќа надомест за реклами со слики или видео прикажани на неговите платформи.






Ова ги вклучува кампањите за кликнување до порака на WhatsApp и маркетиншките пораки заедно со рекламите.

Оваа одлука ќе се спроведе од 1 јули и ќе опфати и други владини давачки.

На овој начин, Мета ги следи стапките на Алфабет и Амазон.

Мета наведе шест земји каде што ќе се применуваат надоместоците, почнувајќи од 2% во Велика Британија, повеќе од 3% во Франција, Италија и во Шпанија до 5% во Австрија и во Турција.

Дигиталните даноци се наплаќаат како процент од приходите генерирани од големите технолошки компании во одредени земји.

Поврзани содржини