Сите оние кои сакаат да симнат неколку килограми набрзина, да си го прочистат организмот и токсините и да го зајакнат имунитетот, можат се обидат со диетата со тиквички.
Тиквичките се нискокалорични, имаат само 35 калории во 100 грама.
Доколку целта ви е набрзина да гo симнете вишокот килограми, тогаш се препорачува вашето мени да се состои од тиквички, печени или варени распоредени во 4 – 5 оброци.
Може да пиете и сок од тиквички измешан со сок од свежо исцеден портокал.
После првите три дена може постепено во вашето мени да вклучувате пилешка или зеленчукова супа.
За оние кои тешко поднесуваат строги режими, се препорачува барем еден од оброците да го заменат со тиквички, вечерата или, пак, некоја од ужините.
Тие содржат влакна што даваат чувство на ситост и се одлични прочистувачи на цревата, го намалуваат целулитот, ги исфрлаат вишокот на течности од организмот, а и вашата кожа и коса ќе добијат поинаков сјај.
Диетата од тикви;ки чини мошне малку. Подготвување е лесно и едноставно, така што потребна е само желба.
Напомена: Пред пристапувањето кон секоја диета, мора прво да се консултирате со вашиот лекар.