ЕВРОЗОНАТА ЧЕТВРТИ КВАРТАЛ СО НАЈСЛАБ РАСТ Високиот раст на цените на суровините не ги погоди потрошувачите
Маркит индексот на менаџери за набавки (ПМИ) во приватниот сектор на еврозоната падна за 1,9 поени во октомври во однос на септември, на 54,3 поени, што е најниско ниво во последните шест месеци.
Економијата на еврозоната забави во октомври под притисок на проблемите со снабдување и ширењето на ковид-19 што ги погоди туризмот и патувањата, покажа истражувањето на лондонската компанија „Маркит“.
Маркит индексот на менаџери за набавки (ПМИ) во приватниот сектор на еврозоната падна за 1,9 поени во октомври во однос на септември, на 54,3 поени, што е најниско ниво во последните шест месеци.
– Наглото забавување во октомври значи дека еврозоната го започнува четвртиот квартал со најслаб раст од април – рече Крис Вилијамсон, главен деловен економист во лондонската компанија за собирање и обработка на економски податоци.
Цените на суровините растат со рекордно темпо, а производителите само дел од тоа зголемување на цените успеаја да го пренесат на потрошувачите. Индексот на цените на производителите се зголеми најмногу откако „Маркит“ почна да собира податоци кон крајот на 2002 година.
„Очекувањата на деловните лидери се влошени четврти месец по ред, паднаа на најниско ниво од февруари оваа година, одразувајќи ги првенствено загриженоста на индустријата за континуираното влијание на пандемијата врз синџирите на снабдување“, соопшти „Маркит“.