Евровизија објави на кое место се пласирал Гарванлиев во полуфиналето
Македонскиот претставник, Васил Гарванлиев, кој настапи на првата полуфинална вечер со песната „Here I stand“, и не се пласираше во финалето, бил претпоследен со 23 гласа.
Европската радиодифузна унија ги објави резултатите од гласањето во полуфиналните вечери на Евровизија, кои се одржаа во Ротердам, Холандија.
Македонскиот претставник, Васил Гарванлиев, кој настапи на првата полуфинална вечер со песната „Here I stand“, и не се пласираше во финалето, бил претпоследен со 23 гласа. Најмногу, 8 поени, Македонија добила од Словенија преку телевоутинг.