Европското првенство 2020 се одложува за 2021 година

УЕФА сè уште не даде официјална потврда за оваа информација.

196

Европското фудбалско првенство 2020 е одложено за 2021 година поради ширењето на коронавирусот, пренее „АС“. Информацијата беше потврдена и во Норвешката фудбалска федерација. Покрај тоа, порака за одложување на турнирот ја објавија многу светски медиуми.

УЕФА сè уште не даде официјална потврда за оваа информација.






Поради коронавирусот прекинати се националните првенства во речиси сите европски земји, меѓу нив и најсилните пет лиги: Премиер лига (Англија), Ла Лига(Шпанија), Серија А (Италија), Бундеслига (Германија), Лига 1 (Франција).

Поврзани содржини