Европскиот регулатор повторно ќе расправа за згрутчувањето на крвта од вакцината на АстраЗенека
Се очекува надворешни медицински експерти и двајца јавни претставници да ги презентираат своите ставови за можните причини за згрутчување на крвта, како се појавуваат и други можни ризици, соопшти Европската агенција за лекови.
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека нејзиниот безбедносен одбор ќе свика состанок на експерти на 29 март за да продолжи да ги испитува и проценува пријавените случаи на згрутчување на крвта поврзани со вакцината против ковид-19 развиена од АстраЗенека и Оксфордскиот универзитет.
Се очекува надворешни медицински експерти и двајца јавни претставници да ги презентираат своите ставови за можните причини за згрутчување на крвта, како се појавуваат и други можни ризици, соопшти Европската агенција за лекови.
ЕМА веќе се изјасни за поддршка на безбедноста на вакцината на АстраЗенека, но некои земји спроведуваат и сопствени испитувања, пишува весникот „Гардијан“.