Европски самит за односите Србија – Косово

Како што неодамна објави Елисејската палата, самитот треба да и овозможи на ЕУ „да го олесни решавањето на нивните разлики“.

281

Во Париз денеска ќе се одржи видео самит за односите меѓу Србија и Косово, под покровителство на Франција, Германија и Европската унија (ЕУ), со цел „повторно да се почне дијалогот“ меѓу двете страни.

Како што неодамна објави Елисејската палата, самитот треба да и овозможи на ЕУ „да го олесни решавањето на нивните разлики“.






На самитот се очекува да присуствуваат францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Авдулах Хоти, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

Макрон во вторникот имаше одделни средби со Хоти, а вчера со Вучиќ.

Поврзани содржини