„ЕВРОПСКИ“ ПУНКТ ЗА КАБАСТ ОТПАД ВО ПАРК ВО АЕРОДРОМ Левица бара Марин да го исчисти

Од партијата додаваат дека и по многубројните реакции од станарите и молби до општината да се дислоцира пунктот, не е превземено ништо а во  комуникацијата граѓаните се упатени да изгуглаат за вакви исти проекти низ Европа.

537

Пред неколку месеци, градоначалникот на СДСМ, Златко Марин и општинските „пулени” гордо го развеја европското знаменце (иако самоиницијативно и декларативно), со медиумски, напумпана приказна дека сме станале првата европска општина во Македонија. Но, реалноста е сосема поинаква. Насред своите живеалишта, нашите сограѓани сведочат на „европски” проект, со Пункт за кабаст отпад, реагира Левица која бара општината да го дислоцира отпадот.

Од партијата се повикуваат и на реакции на граѓаните.






– Подолго време нашите сограѓани од околината на АСНОМ 80 (во близина на слаткарницата Стела) се соочуваат со голем проблем. Пред очи во нивното маало никна официјална општинска депонија, која освен што е неубава глетка, претставува и потенцијален извор на зараза, како и опасност за малите деца! Во паркот каде што уживаат со своите блиски и каде што ги поминуваат своите денови им се изгради пункт за собирање на кабаст отпад, узурпирајќи го зеленилото (приковани се пелети и поставена е табла со општински обележја) – велат од Левица.

Од партијата додаваат дека , и по многубројните реакции од станарите и молби до општината да се дислоцира пунктот, не е превземено ништо а во  комуникацијата граѓаните се упатени да изгуглаат за вакви исти проекти низ Европа.

– Она што општинарите треба „да изгуглаат’, наместо да го обвинуваат народот на неодговорност, е дека ваквите пунктови, не се поставуваат во урбани средини и дека истите, кога се поставени од самата општина, МОРА РЕДОВНО ДА СЕ ЧИСТАТ, а не да стои отпадот со денови и недели. Ова е вина на неагилноста на општината, предводена од СДСМ на Златко Марин, не на народот, кој само го депонира отпадот на локација посочена од самата општина – велат од Левица.

Граѓаните реагираат на константната миризба и неадекватна локација, реагираат и дека навечер се нарушува јавниот ред и мир со бучава од камиони и автомобили, кои истоварат секаков вид на шут и ѓубре. Одговорите на општината се дека не ни е менталитетот европски и дека проблемот е таму, а не во  избраната локација. Ом било речено дека ќе поставеле чуварска служба и видео надзор, па така ќе ги заштитиле граѓаните од неевропското делување на поединци.

Арогантно се расправаат со граѓаните и ги убедуваат во спротивното за што зборува и комуникацијата што ја споделува партијата.

Според Левица, ништо од тоа не ја оправдува оваа смешна, но и трагична за соседите одлука, токму во нивното маало, да се издигне овој „европски” пункт.

– Народот само го одлага кабастиот отпад на локација каде ТИЕ, ОПШТИНАТА ја поставиле. За која намена би биле камери и чуварски служби, кога локацијата е за таа намена дадена од нив? Ние сме замолени како локален огранок да реагираме на оваа слика и да ви пренесеме дека со влегување на Левица во општината од октомври, ова „европско буниште“ ќе го нема. Ако имаат доблест општинарите, може и во наредните денови да го дислоцираат, ќе си направат предизборен маркетинг, а жителите ќе се ослободат од сметот! – велат од Левица.

 

Поврзани содржини