ЕВРОПСКАТА УНИЈА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА ВО МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА Tрамп не сака многу празни муабети
Келог ја фрли „бомбата“ на Минхенската безбедносна конференција, откако Европејците цела недела се обидуваа да нагласат дека мировните преговори за Украина не треба да се одржат без Киев или без нив.
Претставникот на Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, им рече на Европејците дека нивното вклучување во разговорите за ставање крај на војната во Украина „нема да се случи“.
Келог ја фрли „бомбата“ на Минхенската безбедносна конференција, откако Европејците цела недела се обидуваа да нагласат дека мировните преговори за Украина не треба да се одржат без Киев или без нив.
Запрашан дали Европејците треба да имаат улога во идните разговори, Келог рече дека е од школата на реализмот и дека „тоа нема да се случи“.
Коментарите на Кит Келог се досега најексплицитната потврда од страна на висок американски функционер дека Европа ќе ги следи мировните преговориод страна и нема да учествува во подготовката на какви било безбедносни гаранции за Украина.
– На моите европски пријатели би им рекол: влезете во дебатата, не со жалење дали сте или не сте на масата за дебата, туку со конкретни предлози, идеи. Зголемете ги трошоците за одбраната – рече Келог.
Се очекува Келог наскоро да тргне на турнеја во Украина и низ сите земји на НАТО, за да разговара за мировните преговори.
Вашингтон, исто така, испрати барање до европските престолнини да дадат детални предлози за оружјето, мировните трупи и безбедносните аранжмани што би можеле да ги обезбедат на Украина како дел од какви било безбедносни гаранции.
Келог рече дека вмешаноста на премногу земји го уништи процесот во претходните мировни преговори меѓу Киев и Москва – вклучително и оние од форматот од Минск, на кои Франција и Германија беа на маса.
– Она што не сакаме да го направиме е да влеземе во голема групна дискусија. Наместо тоа, стратегијата на претседателот Донад Трамп е да се постигне договор за денови ичи недели, наместо за подлго – рече американскиот претставик за Украина.
Келог, исто така, рече дека го гледа Вашингтон како посредник, а не како украински сојузник или партнер.