ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГО ИЗБРИША ТВИТОТ СО ПРИДАВКАТА „СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИ“ Од МНР велат дека се работи за ненамерна грешка
Во нова објава од ЕК на Твитер стои дека Фон дер Лајен ќе се сретне со претседателот и премиерот на Северна Македонија и дека ќе се обрати пред Парламентот на Северна Македонија.
Европската комисија објави дека утре Фон дер Лајен утре ќе се сретне со „северномакедонскиот претседател“ Стево Пендаровски и дека ќе се обрати пред „северномакедонскиот Парламент“, но подоцна, по бурните реакции на македонската јавност, твитот беше избришан, а објавена е нова најава.
Во нова објава од ЕК на Твитер стои дека Фон дер Лајен ќе се сретне со претседателот и премиерот на Северна Македонија и дека ќе се обрати пред Парламентот на Северна Македонија.
Првиот твит по само неколку минути беше избришан, поради реакција на македонското Министерство за надворешни работи, од каде што велат дека е направена ненамерна грешка.
„Министерството за надворешни работи, како и секогаш, реагираше веднаш штом забележа дека е употребена несоодветна придавка. Добивме уверување дека е направена ненамерна грешка, по што објавата беше веднаш избришана“, соопштија од МНР.