ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ НАМАЛУВА КВОТИТЕ ЗА УВОЗ НА ЧЕЛИК Ќе се зголемат за 50% и царините за увозот над дозволените квоти

Ова е дел од новиот пакет за заштита на европската индустрија кој се очекува да биде објавен на 7 октомври.

51

Европската комисија планира да предложи намалување на квотите за увоз на челик за речиси половина и воведување тарифи до 50% за количини што ги надминуваат тие квоти.

Ова, според медиумите, е новиот пакет за заштита на европската индустрија кој се очекува да биде објавен на 7 октомври.






Германскиот весник Ханделсблат неодамна објави, повикувајќи се на анонимен висок европски функционер во Брисел, дека Европската Унија ќе воведе заштитни тарифи во висина од 25 до 50% за кинески челик и челични производи во наредните недели.

Покрај тоа, Европската Унија планира да ги поврзе јавните набавки, вклучително и изградбата на метроа, железници и мостови, со правилата „Купувајте европски производи“ кои фаворизираат употреба на европски „зелен челик“ и електрични возила, тврди германскиот весник.

Поврзани содржини