ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА Е ЗАГРИЖЕНА ОД БРЗИОТ РАСТ НА ЕВРОТО Проблематичнo ќе биде појако евро од 1,20 долари

Еврото порасна за речиси 14% оваа година во однос на американската валута, а ЕЦБ внимателно го следи ова зајакнување.

678

Потпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Луис де Гиндос, денесла рече дека понатамошниот раст на еврото на повеќе од 1,20 долари би можел да биде проблематичен за монетарните власти на еврозоната.

– Мислам дека нивоата од 1,17, па дури и 1,20 долари за еврото се прифатливи и не се проблем, но секое зголемување над тоа би било многу покомплицирано – изјави де Гиндос на маргините на годишниот форум на Европската централна банка (ЕЦБ) во Синтра.






Еврото порасна за речиси 14% оваа година во однос на американската валута, а ЕЦБ внимателно го следи ова зајакнување.

– Не таргетираме специфичен девизен курс на еврото, но го вклучуваме девизниот курс и неговото движење во проекциите и монетарните одлуки – рече де Гиндос.

Според него, брзината на растот на еврото привлекува поголемо внимание отколку самата висина на девизниот курс.

Поврзани содржини