ЕВРОПСКА УНИЈА СЕ ДВИЖИ КОН ДЕМОГРАФСКИ ДЕБАКЛ До крајот на веков населението ќе се намали за 53 милиони и значително ќе остари

Уделот на деца и млади лица под 19 години во Европската Унија ќе се намали од сегашните 20 проценти на 17 проценти, а уделот на работоспособното население на возраст помеѓу 20 и 64 години од 58 проценти на 50 проценти.

78

Европската Унија влегува во фаза на голем демографски пад, а населението би можело да се намали за 53 милиони луѓе, или 11,7 проценти, до крајот на овој век, а бројот на стари лица значително ќе се зголеми. објави „Евростат“.

Според податоците, Европската Унија имала околу 451,8 милиони жители во 2025 година, со раст кој се опоравува по падот за време на пандемијата. Се очекува населението да продолжи да расте уште неколку години, достигнувајќи врв од 453,3 милиони во 2029 година, пред да започне долгорочен пад на 398,8 милиони до 2100 година.

Проекциите се базираат на претпоставки за трендовите на плодноста, морталитетот и миграцијата, со делумно изедначување на трендовите меѓу земјите-членки на Европската Унија.

Дополнително, старосната структура на населението на Унијата ќе се промени. Бројот на стари лица ќе продолжи да расте.

Уделот на деца и млади лица под 19 години во Европската Унија ќе се намали од сегашните 20 проценти на 17 проценти, а уделот на работоспособното население на возраст помеѓу 20 и 64 години од 58 проценти на 50 проценти.

Спротивно на тоа, бројот на стари лица во Европската Унија значително ќе се зголеми. Уделот на населението на возраст од 65 до 79 години ќе се зголеми од 16 на 17 проценти, додека бројот на лица над 80 години ќе се зголеми од шест проценти на дури 16 проценти.

Демографската структура веќе покажува изразени карактеристики на стареење – подолг животен век, ниски стапки на наталитет и доминација на постарите возрасни групи, особено оние над 50 години. Овие трендови укажуваат на забрзано стареење на европското население, со намалување на работната сила и на помладите генерации.

Стареењето на населението веќе има директни последици врз пазарот на трудот во Европската Унија. Пензионирањето создава зголемен притисок врз пазарот на трудот, со растечки недостиг на работници и оптоварување на пензиските системи.

Поврзани содржини