Европска недела на тестирање за ХИВ од 20 до 27 ноември, бесплатни тестови и совети

Асоцијација за здравствена едукација и истражување на Водно ќе обезбеди бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ со брзи тестови, секој работен ден од 16.30 до 20.30 часот и за време на викендот од 11.00 до 15.00 часот.

222

Од 20 до 27 ноември, под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, се одржува Европската недела на тестирање за ХИВ, кон која веќе седма година по ред се приклучува и здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, заедно со неколку стотини организации од 53 европски земји, со цел да се зголемат пристапот и свесноста за важноста од тестирањето за ХИВ. На тој начин, информациите за превенција на ХИВ стануваат подостапни, повеќе луѓе можат да го дознаат својот ХИВ-статус и да добијат терапија, грижа и поддршка.

Во фокусот на годинешната кампања е еден малку познат факт за ХИВ кај нас: Н = Н, недетектабилно е еднакво на непреносливо. Тоа значи дека луѓето кои живеат со ХИВ и редовно примаат терапија, имаат недетектабилно ниво на вирусот во крвта. Односно, дека вирусот во крвта се намалил до степен што не може да се детектира, со што целосно се спречува преносот на ХИВ по сексуален пат, дури и кога не се користи заштита (кондом). Така, самата терапија за ХИВ, всушност, претставува еден од најефективните начини на превенција на ХИВ. Т






Со цел да го направиме тестирањето за ХИВ кај нас подостапно и да ги охрабриме граѓаните да го дознаат својот ХИВ-статус, во рамките на годинешната Европска недела на тестирање за ХИВ, Младинскиот центар на ХЕРА „Сакам да знам” на Водно ќе обезбедува бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ со брзи тестови, секој работен ден од 16.30 до 20.30 часот и за време на викендот од 11.00 до 15.00 часот.

За подетални информации и за закажување, можат да се јават на телефонскиот број 02/3176 950.

Годинешната кампања по повод Европската недела за тестирање за ХИВ се реализира со поддршка од ViiV Healthcare и СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот.

Поврзани содржини