Европската комисија за скандалот во агенцијата на Димова: Нерегуларните трошоци ќе треба да се вратат

3,451

Европската комисија ги следии извештаите од Македонија во врска со скандалите поврзани со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, и ќе бара сите нерегуларни трошоци направени на товар на програмата Еразмус плус да бидат вратени, стои во писмената изјава за телевизијата Алфа, од портпаролката на Комисијата, Сузан Конзе.

„Она за што можам да ве информирам во оваа фаза е дека Комисијата е запознаена со овие тврдења во врска со спроведувањето на програмата Еразмус +. Сите такви обвинувања се следат и, каде што е вклучено финансирање од ЕУ, нерегуларните трошоци ќе бидат идентификувани и ќе треба да се вратат. Комисијата не може да дава детали додека трае процесот на следење“, стои во електронскиот дипис од потпаролот на Европската комисија.

Поврзани содржини