ЕВРОПРАТЕНИК СО НЕДОСТОЕН РЕЧНИК, ПОЛН СО НАВРЕДИ И ПАТОЛОШКИ ЛАГИ Мицкоски му врати на Александар Јорданов

Како народ никогаш не сме војувале против соседите, никогаш не сме правеле сојузи со фашистите и никогаш, ама баш никогаш не сме го барале туѓото - пишува Мицкоски.

363

Тоа што сте член на Европскиот Парламент не ви го дава правото на непочитување кон Македонија и постојано да произведувате фалсификати, историски и политички – му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на европратеникот Александар Јорданов.

„Никој не ви го спори правото да го почитувате Гоце Делчев, доколку сакате. Но почитувајте го во целост и она што вистински бил. Македонец кој се борел за слободна Македонија.






Го сфаќам и вашето неоправдано его и зголемена агресивност која ја црпите од молчаливоста и попустливоста на оваа македонската влада кон сите ваши глупости, лаги и измами. И тука можам да кажам дека тоа е наша македонска работа за која ние внатре во државата дебатираме и ќе се разбереме, но додека чкртате навреди кон мојот народ и Македонија да ви кажам што е цивилизирано, а што не:

– Има ли поголем акт на нецивилизираност да казнувате цела држава и цел еден народ поради вашите историски фрустрации кон Македонија?

– Цивилизираност ли е да доставите цела листа на барање кои водат кон доброволно самоукинување на македонскиот народ и држава?

– Цивилизирано ли е што еден европратеник како вас, има навреди кон соседната држава со речник кој е недостоен и исполнет со патолошко и компулсивно лажење.

Тоа што сте член на Европскиот Парламент не ве прави поголем европеец од нас Македонците, коишто отсекогаш тежнееле и биле дел од заедничката прозападна идеја, туку ја зголемува вашата одговорност да се придржувате до цивилизираното однесување кое отсуствува во вашето делување.

И друг пат, пред се дрзнете да квалификувате цел народ и земја, треба да знаете дека темелите на оваа македонска држава се и илинденски и антифашистички. Како народ никогаш не сме војувале против соседите, никогаш не сме правеле сојузи со фашистите и никогаш, ама баш никогаш не сме го барале туѓото. Сме имале почит кон другите народи. Запомнете Македонија е слободарска држава која секогаш била на исправната страна на историјата“ – се вели во писмената изјава на Мицкоски објавена од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини