🎥 ЕВРОПРАТЕНИЧКА СО ПОДДРШКА ДО ВАНКОВСКА Клер Дејли ѝ посака успешна кампања

280

Ирската европратеничка Клер Дејли упати најдобри желби и поддршка за кандидатурата за претседател на државбата на професорката Билјана Ванковска, која е поддржана од партијата Левица.

„Ги праќам најтоплите поздрави до Билјана, се надевам дека исходот на изборите ќе е таков што Македонците ќе се гордеат со изборот. Ти го посакувам најдоброто во претседателската кампања и ви порачувам на сите вас да излезете и да ја поддржите професорката Ванковска!“, порача Дејли.






Популарната независна левичарка Клер Дејли и нејзиниот колега Мик Валас лани во декември беа гости на пленумот на Левица во Скопје, каде европратеничката оддржа вирален говор од кој одекна: „Ужасно е тоа што од Македонија побараа да го смени името и да си ја негира историјата“, потсетуваат од изборниот штаб на Ванковска.

Поврзани содржини