ЕВРОПА САКА, АМЕРИКА НЕМА ДА ИСПРАТИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА Трамп вели дека Зеленски ќе го направи тоа што мора

Значи, тоа е поинаква работа за нив. Кога станува збор за безбедноста, тие се подготвени да испратат луѓе на терен, вели шефот на САД за Франција, Германија и за Велика Британија отфрлајќи ја можноста американски војници да стапнат на украинска почва.

2,467

Франција, Германија и Велика Британија се меѓу оние кои „сакаат“ да имаат војници на терен, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во врска со тоа како би можеле да изгледаат безбедносните гаранции за Украина додавајќи:

– Не мислам дека тоа ќе биде проблем.






Би-Би-Си пренесува што кажал шефот на САД зборувајќи во живо за Фокс-Њуз. На прашањето дали САД ќе имаат војници на терен како дел од безбедносната гаранција за Украина, Трамп е категоричен дека тоа нема да се случи.

– Вие ја имате мојата гаранција и јас сум претседател. Само се обидувам да спречам убивање луѓе – изјави Трамп.

Запрашан за тоа како поминале разговорите со европските лидери во Белата куќа вчера тој ги нарече „добри луѓе“ кои „сакаат да се стави крај на војната“.

Тој вели дека конфликтот во Украина е поблиску до нив затоа што „имаме океан што нè дели“.

– Значи, тоа е поинаква работа за нив. Кога станува збор за безбедноста, тие се подготвени да испратат луѓе на терен – додава тој.

Претседателот вели дека САД се подготвени да помогнат со аспекти на безбедноста, на пример, преку воздушна поддршка, но нагласува дека членството во НАТО не може да биде клучната форма на безбедност на која ќе се потпира Украина.

Tрамп изјави дека се надева дека Зеленски „ќе го направи она што мора да го направи“, но нагласува дека треба да биде „флексибилен“ и во преговорите. Тој вели дека не би рекол дека Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин некогаш ќе бидат „најдобри пријатели“, но забележува дека двајцата лидери се оние кои „мораат да ги донесат одлуките“.

Тој вели дека вчера му се јавил на Путин во врска со можна тројна средба заедно со Зеленски и дека се надева дека однесувањето на рускиот лидер „ќе биде добро“. Ако не, ќе биде „тешка ситуација“, додава Трамп.

Потоа Трамп беше прашан дали разговарал за потенцијални договори за „размена на земјиште“ со светските лидери, вклучувајќи го и Зеленски, вчера во Белата куќа.

– Украина ќе си го врати животот. Тие ќе добијат многу земја. Но, ова беше војна и Русија е моќна воена нација… без разлика дали им се допаѓа тоа на луѓето или не.

Поврзани содржини