ЕВРОПА ГО ИСЦРПИ СВОЕТО ОРУЖЈЕ Борел жали што украинските војници не биле обучувани година дена порано

Борел, исто така, призна дека ЕУ требаше да започне со обука на украинските војници пред една година кога некои земји-членки повикувале тоа да се направи, велејќи дека „ако тоа се случеше, ќе бевме во подобра ситуација“, објави Политико.

797

Резервите на оружје во земјите на Европската унија се сериозно „исцрпени“ по испраќањето оружје во Украина, предупреди во понеделникот високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.

За време на дебатата со пратениците на ЕУ, Борел ги повика земјите-членки да ги обноват своите арсенали, велејќи дека најдобриот начин да се направи тоа е „заедно“, бидејќи „би било поевтино“.






Борел, исто така, призна дека ЕУ требаше да започне со обука на украинските војници пред една година кога некои земји-членки повикувале тоа да се направи, велејќи дека „ако тоа се случеше, ќе бевме во подобра ситуација“, објави Политико.

Минатата недела, на неформалниот состанок на европските министри за одбрана во Прага се разговараше за мисија за воена обука на ниво на ЕУ во Украина, како и за подобро здружување на воена опрема и ресурси. Од почетокот на војната во Украина, ЕУ обезбеди околу 2,5 милијарди евра воена помош за Украина преку т.н.

Предупредувања за празни залихи стигнаа и од земјите-членки. Минатата недела германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт рече дека Берлин „ги достигнува границите на она што можеме да го дадеме од Бундесверот“.

Во јули, шесте најголеми европски земји не ѝ понудија нова билатерална воена помош на Украина, според Килскиот институт за светска економија.

Поврзани содржини