ЕВРОПА ДА СЕ СПРЕМИ ЗА ВОЈНА АКО САКА МИР Макрон предупреди против ограничувањата во помошта за Украина
За Франција „сите опции“ се на маса во нејзината поддршка за Украина, истакна Макрон. Тој предупреди дека ограничувањето на поддршката за Украина во нејзината војна против Русија може да доведе до пораз на Киев и да го уништи кредибилитетот и безбедноста на Европа.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја нарече Русија противник кој нема да застане во Украина доколку ги победи трупите на Киев, повикувајќи ги Европејците да не бидат „слаби“ и да бидат подготвени да одговорат, јави Ројтерс.
За Франција „сите опции“ се на маса во нејзината поддршка за Украина, истакна Макрон. Тој предупреди дека ограничувањето на поддршката за Украина во нејзината војна против Русија може да доведе до пораз на Киев и да го уништи кредибилитетот и безбедноста на Европа.
– Доколку Русија победи во таа војна, кредибилитетот на Европа ќе се намали на нула – изјави Макрон во интервју за француските телевизии TF1 и France Television.
Нарекувајќи го конфликтот во Украина „егзистенцијален за нашата Европа и за Франција“, Макрон потенцираше дека секој што се залага за „ограничувања“ на помошта за Украина „избира пораз“.
– Пред две години рековме дека никогаш нема да испратиме тенкови. Испративме. Пред две години рековме дека никогаш нема да испратиме ракети со среден дострел. Испративме“…Оние кои велат „да не ја поддржуваме Украина“ не избираат мир, тие избираат пораз – заклучува Макрон.