EВРОПА БАРА СИЛНИ ГАРАНЦИИ, ТРАМП ТРАЕН МИР Путин сака прво да се елиминираат причините за војната

Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин по самитот со Трамп на Алјаска изјави дека Русија е „искрено заинтересирана“ за крај на конфликтот, но за да биде „траен“, тие треба да ги елиминираат „примарните причини за конфликтот“.

1,291

По самитот во Анкориџ меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, европските лидери денеска го засилија повикот за цврсти безбедносни гаранции за Украина, која веќе 3,5 години се бори против руската инвазија.

„Јасно е дека Украина мора да има непробојни безбедносни гаранции за ефективна одбрана на својот суверенитет и територијален интегритет“, се вели во заедничката изјава на европските лидери, потпишана од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, финскиот претседател Александар Стуб, италијанската премиерка Џорџа Мелони, полскиот премиер Доналд Туск и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.






Според изјавата, Трамп за време на разговор со европските лидери потврдил дека е подготвен да обезбеди соодветни гаранции за Украина заедно со Европа.

Трамп, за време на денешниот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европската Унија изјави дека постигнувањето сеопфатен мировен договор со Русија е подобро решение од привремено примирје, објави американскиот портал Aксиос, повикувајќи се на извор запознаен со разговорот.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на зголемен притисок врз Москва за да се стави крај на војната во Украина.

Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, денеска предупреди дека Русија нема намера да ја прекине војната во Украина.

Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин по самитот со Трамп на Алјаска изјави дека Русија е „искрено заинтересирана“ за крај на конфликтот, но за да биде „траен“, тие треба да ги елиминираат „примарните причини за конфликтот“.

– Се согласувам со претседателот Трамп, како што рече денеска, дека природно, треба да се обезбеди и безбедноста на Украина…Секако, ние сме подготвени да работиме на тоа. Би сакал да се надевам дека договорот што го постигнавме заедно ќе ни помогне да ја приближиме таа цел и ќе го отвори патот кон мир во Украина – рече шефот на Русија.

Путин ја отвори прес-конференцијата по средбата со Трамп истакнувајќи дека разговорите „се одржале во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде ново соопштение по средбата Трамп-Путин, велејќи дека „мора да се постигне вистински мир“, а не само „уште еден прекин меѓу руските инвазии“.

Зеленски в понделеник, 18 август, ќе се сретне со Трамп во Белата куќа во Вашингтон.

Поврзани содржини