ЕВЕ ЗОШТО УМНИЦИТЕ РАСТАТ ПОДОЦНА Откритие на антрополози
Се покажа дека нашите вилици растат многу споро, веројатно поради нашата севкупна еволуција и во комбинација со нашите помали лица, тоа резултира со доцнење кога е во прашање механички безбедениот простор, вели антропологот Гери вели Шварц.
Мистеријата за растењето на умниците, кои најчесто почнуваат да растат при крај на тинејџерските години, веќе извесен период ги мачи научниците. Но, научниците од Универзитетот во Аризона во САД сметаат дека сфатиле во што е работата.
Антропологот Халзка Гловачка и нејзиниот колаега Гери Шварц ги анализирале промените на различни черепи за да го споредат нивниот еволуциски развој. Тие споредиле коски и заби на примати во 3Д модели и откриле дека времето на избивањето на нашите катници многу е поврзано со чувствителната рамнотежа на биомеханиката во нашиот череп.
Возрасните примероци на заби кои ги користиме за мелење на храната обично излегуваат од десните во три фази и тоа во на возраст од околу 6 години, 12 и 18 години. Останатите примати катниците ги добиваат порано.
На шимпанзите катниците им избиваат во третата, шестата и во 12-та година. Жолтиот павијан има катници на возрасен веќе на возраст од седум години, а резус макаки на возраст од шест години, пишува Science Alert.
Еден важен фактор кој го ограничува времето на појавување на забите е просторот. Ако вилицата не е доволно голема за полн сет на заби, нема смисла тие во неа да се буткаат. Луѓето немаат толку простор во устата како некои други примати, но тоа секогаш не објаснува зошто умниците се појавуваат толку доца во нашиот живот или зошто нивното растење често создава одредени проблеми.
Научниците сметаат дека всушност станува збор за прашање на безбедност.
– Се покажа дека нашите вилици растат многу споро, веројатно поради нашата севкупна еволуција и во комбинација со нашите помали лица, тоа резултира со доцнење кога е во прашање механички безбедениот простор – вели Шварц.
Задните катници кај приматите се наоѓаат точно пред двата темпоромандибуларни зглобови кои, за разлика од останатите зглобови во нашето тело, мора да функционираат во совршена синхронизација. Исто така мораат да вршат значителен степен на притисок на една или повеќе точки во вилицата за приматите да можат да гризат или да џвакаат.
Ако во тој процес некој заб е на погрешно место, настанатиот притисок може да има лошо влијание на вилицата која едноставно не е доволно голема да го издржи тој притисок. Затоа веројатно видовите со подолги вилици порано развиваат соодветна структура за растење на целиот сет на заби.
Луѓето ја немаат таа среќа и мора да чекаат нашиот череп да се развие до таа мерка за притисоците кои дејствуваат на секоја група возрасни катници нема да ја оштети нашата вилица која расте.
– Оваа студија дава нов увид преку кој може да се видат долго познатите врски помеѓу развојот на забот, растењето на черепот и профилот на созревање – вели Гловачка.
Истражувањето именувано A biomechanical perspective on molar emergence and primate life history е објавено во списанието Science Advances.