📽 ЕВЕ, СИ ГО КОЛАМ ЗАЈАКОТ, ПА ШТО?! Слика и прилика на нашето урбано живеење

2,091

Во близина на паркот за домашни миленици во Ново Лисиче, позади куќите, еден човек прави нешто чудно.

– Што правите, господине? – го прашува жена, која ја снима несекојдневната глетка.






– Еве, колам зајак – одговара спокојно господинот и продолжува со својата очигледно макотрпна работа.

Вџашена од глетката, госпоѓата се буни, му вели на кољачот дека не можело вака, за на крајот да излезе дека сепак – можело.

И така…

Уште една слика и прилика на нашето урбано живеење.

Тешко на зајците…

Поврзани содржини