ЕВЕ РАБОТА ЗА НЕВРАБОТЕНИ ВОЗАЧИ НА КАМИОНИ И АВТОБУСИ Србија има потреба од 15.000 професионални воачи

Превозните компании во Србија се жалат дека се принудени да вработуваат постари возачи бидејќи за 3 години добиле само 700 нови возачи, а очекувале 9.000.

290

Во Србија годинава недостигаат околу 15.000 професионални возачи на автобуси и камиони, а за три години добивме само 700 возачи наместо 9.000 што требаше, изјави за српски Курир, Горан Алексиќ, генерален директор на бизнис асоцијацијата „Србијатранспорт“.

Според него, лани во Србија недостигале 8.000 професионални возачи во товарниот превоз и околу 4.000 во јавниот превоз, додека секој трет возач има над 51 година.






– За малку ќе имаме вонредна ситуација поради тоа. Дефицитот се зголемува, а има потреба од извршување на одредени работни места, поради што се вработуваат и постари возачи – објаснува Алексиќ:

Тој додава дека поради недостигот принудени се да вработуваат постари возачи.

Поврзани содржини