Еве кои двајца играчи ќе ги „жртвува“ Барселона за Лаутаро Мартинез

Со ова Интер практично добива двајца квалитетни играчи на крилните позиции и доволно пари за да купи уште еден квалитетен напаѓач.

508

Весникот „Gazzetta Dello Sport“ неофицијално објави дека италијанскиот прволигаш Интер наводно прифатил Јуниор Фирпо и Нелсон Семедо да бидат дел од трансферот за Лаутаро Мартинез, а како што наведува медиумот, сега преостанува да се одреди сумата која Барселона ќе треба да им ја доплати на Италијанците.

Со ова Интер практично добива двајца квалитетни играчи на крилните позиции и доволно пари за да купи уште еден квалитетен напаѓач.






Инаку, Фирпо е лев бек, а Семедо е десен бек, и тоа се позициите кои досега му создаваа најмногу главоболки на Антонио Конте, тренерот на Интер.

Кога станува збор за изборот на напаѓач кој ќе му прави друштво на Ромелу Лукаку, засега во игра се Едисон Кавани од ПСЖ и Кун Агуеро од Манчестер Сити.

Поврзани содржини