Еве која држава прва ќе одобри влез на туристи со ковид пасош
Кога станува збор за вакцинирањето на патниците, власта на Сејшелите донела правилник според кој, сите лица кои примиле вакцина против коронавирусот мора да покажат доказ дека ги примиле двете дози најмалку две недели пред патувањето.
Со одлуката која ја донеле при крајот на јануари Сејшелите се првата островска држава која ќе дозволи влез на сите туристи кој се вакцинирале против коронавирусот.
Покрај одлуката за дозвола за влез на туристи кои примиле вакцина против коронавирусот, власта размислува веќе во средината на март да дозволи влез на сите заинтересирани туристи кои имаат негативни тестови на коронавирусот, без оглед дали се вакцинирани или не.
Одлуката на власта се темели на претпоставката дека на Сејшелите до половината на март ќе бидат вакцинирани речиси 75 отсто од популацијата , што според нивните показатели ќе биде доволно да се постигне таканареќениот имунитет на стадо.
Досега освен набавката од сопствени средства, Обединетите Арапски Емирати и Индија ѝ донирале на Сејшелите по 50.000 вакцини од компанијата Синофарм.
Државата мецецов ја почна програмата за вакцинација, а меѓу првите кои ја примија вакцината се здравствените работници, новинарите и политичките лидери, вклучувајќи го и претседателот на државата.
Кога станува збор за вакцинирањето на патниците, власта на Сејшелите донела правилник според кој, сите лица кои примиле вакцина против коронавирусот мора да покажат доказ дека ги примиле двете дози најмалку две недели пред патувањето.
– Патниците мора да покажат автентичен сертификат на една од четирите вакцини кои во моментов се во употреба. Вакцинираните патници мора да престојуваат во хотели и пансиони кои се сертифицирани за таканаречените патници „од категорија 1“, а Сејшелите во моментов располагаат со 532 такви објекти – соопштиле од Туристичката заедница на Сејшелите.
Од0д рдуга страна за лицата кои се уште не се вакцинирани, ама сакаат да ја посетат таа туристичка дестинација, власта на Сејшелите подготвила правилник. Власта ќе им дозволи влез на невакцинираните лица под услов ако доаѓаат со приватни летови или се на листата на 48 земји за кои е проценето дека спаѓаат во помачку ризичните кога станува збор за ширењето на коронавирусот,.