📽 ЕВЕ КАКО СЕ ЗАПАЛИ ЗГРАДАТА ВО ЧАИР Пожарот избувнал во подрум користен како магацин
Останува нејасна причината за пожарот и дилемата дали се работи за намерно подметнување.
Снимка на која се гледа како започнал пожарот во подрумот на зградата во Серава во Чаир објави ТВ21. Пожарот кој 30 часа го гаснеа 20 пожарникари и седум пожарникарски возила, со помош на Армијата, направи штети во неколку стана. Жителите на зградата уште не влегле во нивните станови бидејќи се чека вештачењето.
Останува нејасна причината за пожарот и дилемата дали се работи за намерно подметнување.
Дел од медиумите објавија дека се опожарени простории кои се користеле како магацински простор од страна на фирма во кој имало големо количество пластични производи.
Од зградата беа евакуирани речиси 100 станари, додека 30 возрасни, 12 деца, еден пожарникар и еден полицаец беа однесени на скопските клиники поради труење со чад.