Еве како полицијата во Романија се справува со непослушните верници (ВИДЕО)
Една од тие мерки е и забраната за поголеми групирања на луѓе на мал простор, вклучително и во црквите.
Поради состојбата со коронавирусот, како и во повеќето земји во регионот, така и во Романија се активирани најсилни мерки кои треба да помогнат против ширењето на заразата.
Една од тие мерки е и забраната за поголеми групирања на луѓе на мал простор, вклучително и во црквите.
На видеото што денеска беше објавено на социјалните мрежи, може да забележите како романската полиција се справува токму со луѓето кои не ја почитуваат препораката на властите.
Поголема група полицајци влегува во една од црквите каде што се одржува богослужба и ги истерува луѓето од храмот.