Бројките се јасни, а и наредниот период на грипови и настинки како и намалувањето на медицинскиот персонал ќе доведе до одредени промени, но сите заедно можеме да се спротивставиме на опаката болештина. Во наредниот период е клучно:
– Да се измислат нови чаленџи за време на карантин пошто старите поминаа еднаш;
– Барем еден од семејството да научи како се употребува брашно, а да не е за сликање демек кокаин;
– Набавка на квалитетна тоалетна хартија и наоѓање на курс за оригами. Се прави само од неискористена хартија;
– Книги за читање и една за да ја израмниш масата со покуса ногарка;
– Затапување на ножевите и криење на остри предмети доколку во тие моменти дојде до ескалација на семејните односи;
– Пишување тестамент, пак;
– Позајмување на бормашината од комшијата и нејзина дислокација на сигурно место додека не се среди состојбата;
– Избор на репертоар на песни, на ниво на куќен совет, кои ќе се пеат од балкон, со тоаншто треба да се внимава и на соседите кои немаат голем распон на вокал;
– Избегнување на конфликтни теми во кругот на семејството, како што се: економската состојба, политичката состојба, косата на Османи (фејк или не), на кој начин Мицкоски правеше толку танки црти на брадата, темата “опшесво” и лични теми кои варираат од “Кога ќе се жениш/мажиш” до “Алал му вера на Гоце син му во РЕК влезе, не ко тебе низ врата не можиш трезен да влезиш”;
– Забрана за грчење над 55 децибели или изолација на членот што го прави тоа од другите здрави членови.
Со почит
Моџо Килингтон
Дописен член на СЗО и на шаховскиот клуб за пензионери од Пробиштип “Арпад Ело”
(ФБ статус на авторот)