ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ ОД СРЕДБАТА НА ХАРИ И ЧАРЛС Состанокот на таткото и синот траел помалку од час, принцот морал да влезе низ спореден влез

Според „The Sun“, отуѓениот принц Хари пристигнал во Велика Британија не знаејќи дали неговиот татко ќе го прими, но бил подготвен да се сретне со него доколку кралот го покани. Од „Мегзит“ во 2020 година, кога Хари и Меган се повлекоа од своите кралски должности и се преселија во САД, војводата од Сасекс ретко комуницирал со своето семејство.

525

Принцот Хари ја напуштил кралската резиденција Кларенс Хаус по приватната средба со неговиот татко, кралот Чарлс, која траела нешто помалку од еден час.

Автомобилот на војводата од Сасекс бил виден како влегува во кралскиот дом во Лондон во 17:21 часот, а Хари седел на задното седиште во елегантно одело. Тоа беше нивната прва средба лице в лице од февруари минатата година, кога Хари накратко го посети својот татко откако му беше објавена дијагнозата на рак.






Овој пат разговорот траел 55 минути, речиси двојно повеќе од минатата година. Хари морал да го одложи своето пристигнување на настанот „Invictus Games“ во Лондон за повеќе од еден час поради средбата. Кога подоцна пристигнал на настанот, накратко прокоментирал за состојбата на својот татко: „Да, тој е одлично, ви благодарам“.

Кралот Чарлс го напуштил Балморал порано во текот на денот и бил виден како се качува во кралскиот авион околу 14 часот. Еден час подоцна слетал во RAF Northolt без кралицата Камила. Принцот Вилијам не присуствувал на чајанката, бидејќи се враќал од настан во Кардиф по повод Светскиот ден за спречување на самоубиства, објави „The Sun“.

Кратко пред пристигнувањето на Хари, војвотката од Единбург, Софи, ја напуштила  Кларенс Хаус. Хари и неговиот телохранител Кристофер Санчез, кој претходно работел за Барак Обама, морале да влезат низ спореден влез за посетители, наместо низ главната капија, која тој ден ја користеле кралот и членовите на неговото семејство.

Според „The Sun“, Хари пристигнал во Велика Британија не знаејќи дали неговиот татко ќе го прими, но бил подготвен да се сретне со него доколку кралот го покани. Од „Мегзит“ во 2020 година, кога Хари и Меган се повлекоа од своите кралски должности и се преселија во Соединетите Држави, војводата од Сасекс ретко комуницира со своето семејство.

Потоа тој дополнително ги разниша односите со своите мемоари „Spar“, во кои, меѓу другото, тврди дека Вилијам го соборил на подот за време на расправија. Тој, исто така, го критикуваше семејството во шестделниот документарец на Нетфликс, како и во познатото интервју со Опра Винфри.

Поврзани содржини