Еве чии државјани може да патуваат во земји на ЕУ

Советот на ЕУ претходно препорача да се дозволи влез за странци вакцинирани со вакцина одобрена од ЕУ или СЗО чија имунизација е најмалку пред 14 дена.

1,313

Советот на ЕУ соопшти дека донеле одлука за проширување на списокот на земји за чии државјани се укинуваат ограничувањата за патување.

На проширената листа се наоѓаат Албанија, Австралија, Израел, Јапонија, Либан, Нов Зеланд, Северна Македонија, Руанда, Србија, Сингапур, Јужна Кореја, Тајланд и САД. Списокот ќе се прегледува на секои две недели.






Советот на ЕУ претходно препорача да се дозволи влез за странци вакцинирани со вакцина одобрена од ЕУ или СЗО чија имунизација е најмалку пред 14 дена. Земјите на ЕУ го задржуваат правото нагло да ги обноват ограничувањата доколку е потребно.

Поврзани содржини