ЕУ ЗАСЕГА НЕМА ДА ГИ КОМЕНТИРА ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА Ќе ги чека оцените на ОБСЕ/ОДИХР

Шефот на руската набљудувачката мисија изјави дека не забележале сериозни нерегуларности за време на парламентарните и локалните избори во Србија и оцени дека тие се одвивале во фер и коректна атмосфера.

142

Европската Унија нема да се изјасни за изборите во Србија сè додека мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Канцеларијата за човекови права и демократски институции (ОБСЕ/ОДИХР) не ги презентираат прелиминарните извештаи, изјави портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро.

– Изборите ги следевме многу внимателно и секогаш се воздржуваме од коментари додека ОБСЕ/ОДИХР не даде прелиминарна оценка, која ќе биде подоцна попладнево изјави Писонеро на брифинг за медиумите.






Од друга страна, сенаторот на Руската Федерација и шеф на набљудувачката мисија на Интерпарламентарното собрание на Заедницата на независни држави, Дмитри Василенко, синоќа изјави дека мисијата не забележала сериозни нерегуларности за време на парламентарните и локалните избори во Србија и оти тие се одвиваат во фер и коректна атмосфера.

Василенко рече дека мисијата дошла на покана на Републичката изборна комисија, дека членовите на таа група ги набљудувале изборите на 17 избирачки места во Белград и оти не забележале сериозни нерегуларности.

– РИК и локалните изборни комисии ги создадоа сите услови за изразување на слободната волја на граѓаните. Гласачите покажаа високо ниво на доверба во структурите што ги спроведоа изборите. Подготовката и одржувањето на вонредни избори за пратеници во српскиот Парламент беа во согласност со националното законодавство и меѓународните стандарди за одржување на демократски избори – рече Василенко и додаде дека за сето тоа сведочи високиот одѕив на изборите.

 

Поврзани содржини