ЕУ СЕ СПРЕМА ДА ОМЕКНЕ ДЕЛ ОД САНКЦИИТЕ? Руските ѓубрива, цемент и јаглен можеби ќе ја преживеат забраната
Се очекува амбасадорите да разговараат за осмата рунда санкции кон Москва на состанокот во Брисел подоцна во текот на денешниот ден.
Додека Европа се спрема да стави капак на цената на руската нафта, во новиот осми пакет санкции Унијата би можела да ги ублажи санкциите за други битни руски производи. Неименувани функционери за Политико велат дека амбасадорите на ЕУ сакаат да ја тргнат рампата за испорака на рускиот цемент, јаглен, но и за руските ѓубрива. Последното, првично беше идеја на Владимир Путин кој рече дека Русија е подготвена да ги донира 300.000 тони руско ѓубриво заглавенi на европските пристаништа.
„Според договорот, ЕУ ќе ги ублажи своите санкции за други производи, ефикасно ќе ја отстрани забраната за испорака на руски ѓубрива, цемент и други производи, велат официјалните лица за Playbook. „Тоа е do ut des“, рече еден функционер“, пишува Политико.
За можното олеснување на санкциите околу овие производи денови претходно пишуваа и Блумберг , агенцијата Анадолија и Бизнис Инсајдер. Последниот медиум напиша дека иако Европската комисија веќе предложила таква насока „да се дозволи за борба против прехранбената и енергетската несигурност ширум светот“, предлогот, според Министерството за надворешни работи на Латвија, сепак, „не биле координиран со земјите-членки и бил изненадувачки“.
Тони руско ѓубриво се заглавени во пристаништата на ЕУ како резултат на западните ограничувања. Претходно месецов, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека заглавената стока може да биде испратена до земјите во развој преку Агенцијата за борба против глад на Обединетите Нации.
Се очекува амбасадорите да разговараат за осмата рунда санкции кон Москва на состанокот во Брисел подоцна во текот на денешниот ден.