ЕУ потврди дека ги затвора границите во наредните 30 денови

склучоци од забраната би се однесувале на жители на ЕУ, членови на семејствата на државјани на ЕУ, дипломати и некои здравствени работници.

304

Европската унија ги запира сите непотребни влегувања на странци во блокот 30 дена за да го спречи ширењето на новиот коронавирус. Тоа го нагласи вечерва претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

– Се согласивме …за привремено ограничување на непотребните патувања во ЕУ, рече Мишел во Брисел по итен видео самит на лидерите на ЕУ.






Според предлогот изнесен претходно од Европската комисија, исклучоци од забраната би се однесувале на жители на ЕУ, членови на семејствата на државјани на ЕУ, дипломати и некои здравствени работници.

Покрај тоа, лидерите на ЕУ „ќе сторат се што е потребно“ за да помогнат спречување економски крах поради новиот коронавирус, додаде Мишел.

Поврзани содржини