ЕУ ОБЈАВИ ВИДЕО РАЗГЛЕДНИЦА ОД СКОПЈЕ Прикажани Калето, плоштадот, Камениот мост и други скопски убавини

Во пресрет на утрешната неформална работна вечера на новиот претседател на Европскиот Совет, Антонио Кошта со лидерите на земјите кандидати за членство од Западниот Балкан, европскиот аудиовизуелен сервис ЕБС објави видео разгледници од главните градови Скопје, Тирана, Сараево, Приштина, Белград и од Подгорица.

367

Aудиовизуелниот сервис на ЕУ објави видео разгледници од главните градови на земјите кандидати за членство во Европската Унија од Западниот Балкан, меѓу кои и од Скопје.

Во петминутното видео за Скопје, меѓу другите, се презентирани снимки од Калето, плоштадот Македонија, Камениот мост, портата Македониј“, Кривичниот суд, Скопската чаршија, улицата Македонија и од Бит-пазар.






Објавени се и видео разгледници од Тирана, Сараево, Приштина, Белград и од Подгорица.

Објавувањето на кусите видеа е во пресрет на утрешната неформална работна вечера на новиот претседател на Европскиот Совет, Антонио Кошта со лидерите на земјите кандидати за членство од Западниот Балкан.

Советот на ЕУ соопшти дека  утре попладне се предвидени билатерални средби на Кошта со премиерот Христијан Мискоски, со неговите колеги од Албанија и од Косово, Еди Рама и Албин Курти, со српскиот претседател Александар Вучиќ и со претседавачката на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цијановиќ. За среда претпладне се најавени билатерални средби на Кошта со претседателите на Косово и на Црна Гора, Вјоса Османи и Јаков Милатовиќ.

 

Поврзани содржини