ЕУ МОЖЕ ДА ЈА БАНИРА ПЛАТФОРМАТА ИКС Илон Маск се меша каде што не му е место
Еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон, потсети дека платформата Икс веќе беше забранета во Бразил и предупреди дека евентуалната забрана во Европа би имала сериозни финансиски последици за сопственикот на платформата, милијардерот Илон Маск.
Еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон, изјави дека е правно возможно да се забрани платформата Икс, сопственост на Илон Маск, во земјите на Европската Унија.
Бретон во интервју за француската „LCI“ истакна дека ваквата одлука не би била произволна, туку ќе се темели на законска основа, доколку поранешниот Твитер не ги почитува законите на ЕУ за дигитални услуги (DSA) и дигитални пазари (DMA), пренесува Анадолија.
Бретон потсети дека платформата Икс веќе беше забранета во Бразил и предупреди дека евентуалната забрана во Европа би имала сериозни финансиски последици за Маск.
Критиките кон Маск се засилија поради неговите објави на социјалните мрежи кои изразуваат поддршка за екстремно десничарски партии во Европа, како и поради таргетирање европски политичари.
Европските политичари ја повикаа ЕУ да преземе мерки против ваквите објави на Маск, обвинувајќи го за мешање во изборите и во внатрешните работи на земјите.