ЕУ РЕШИ ШТО ЌЕ ПРАВИ СО ЗАМРЗНАТИТЕ РУСКИ ПАРИ И ИМОТИ Ќе одат за помош на Украина, треба да се собираат 1,5 милијарди месечно

Мораме да зборуваме за користењето на (замрзнатите) средства што ги имаме – руски (замрзнати) средства. Имаме над 300 милијарди евра (замрзнати)средства и како можеме да ги искористиме во корист на Украина, рече естонската премиерка Каја Калас во петокот, цитирана од Си-Ен-Ен.

665

Лидерите на ЕУ ѝ дадоа инструкции на Европската комисија да подготви предлози за начините на користење на замрзнатите руски средства за обнова на Украина, објавија во петокот руските медиуми. Изјавата доаѓа откако лидерите на ЕУ го завршија дводневниот самит во Брисел, пренесува РТ.

– Мораме да зборуваме за користењето на (замрзнатите) средства што ги имаме – руски (замрзнати) средства. Имаме над 300 милијарди евра (замрзнати)средства и како можеме да ги искористиме во корист на Украина – рече естонската премиерка Каја Калас во петокот, цитирана од Си-Ен-Ен.






Законски, замрзнатите средства сè уште припаѓаат на Русија или на нејзините граѓани. За да ги потроши тие средства, ЕУ треба да најде начин да ги конфискува. Според извештаите на медиумите, лидерите на ЕУ ќе разговараат за можната конфискација на замрзнатите руски средства на самитот во Брисел во мај.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека ЕУ се обидува да ѝ обезбеди на Украина околу 1,5 милијарди евра секој месец. Министрите за финансии на блокот добија задача да ги соберат парите.

ЕУ со санкциите заплени имот на руски бизнисмени и компании, заедно со имотот на руската централна банка. Идејата за користење на средствата во Украина првпат беше изнесена пред неколку месеци и беше поддржана од политичари како што се украинскиот претседател Владимир Зеленски, поранешната премиерка на Велика Британија Лиз Трус и претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел.

Највисоките американски функционери, вклучително и министерката за финансии Џенет Јелен, предупредија дека користењето на тие средства во Украина може да биде нелегално и дека ќе ги обесхрабри другите земји да инвестираат во Соединетите држави.

Русија силно го критикуваше запленувањето на нејзините средства од страна на западните земји, при што министерот за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека замрзнувањето на имотот во суштина претставува кражба.

Поврзани содржини