ЕУ ИТНО ДОБИВА НОВА ЧЛЕНКА? Тензијата околу Гренланд премисли уште една островска земја

Исланд сериозно ја разгледува можноста за нов референдум за продолжување на преговорите со Европската Унија. Геополитичките тензии и безбедносните дилеми го забрзуваат процесот што беше замрзнат повеќе од една деценија.

309

Европската Унија наскоро може да добие нова членка, објави бриселскиот медиум „Политико“. Референдум за продолжување на пристапните преговори за Исланд е можно е да се одржи уште во август, тврдат двајца извори запознаени со подготовките.

Геополитичкиот ветер го турка Рејкјавик






Владејачката коалиција во Рејкјавик ветила гласање за иднината во Унијата до 2027 година. Преговорите за Исланд беа замрзнати во 2013 година. Сега рокот се скратува.

Причините  за новата „итност“ околу Исланд лежат во новите глобални тензии. Вашингтон воведе царини за Исланд, додека американскиот претседател Доналд Трамп неодамна зборуваше за можна анексија на Гренланд, со или без воена интервенција.

Неговиот номиниран амбасадор Били Лонг се пошегувал дека Исланд би станал 52. американска држава.

Еден функционер од Брисел оценил дека ваквите изјави „сигурно се вознемирувачки за таква мала земја“.

Брисел испраќа сигнали за стабилност

Комесарката за проширување на Евроспската Унија Марта Коса изјавила дека дебатата се менува.

– Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да работиме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен се сретнала со премиерката Криструн Фростадотир во Брисел. Таа оценила дека партнерството „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.

Од финансиска криза до нова стратегија

Исланд аплицираше за членство во Унијата во 2009 година, во екот на банкарскиот колапс. Во декември 2013 година владата ги замрзна преговорите со ЕУ. Во март 2015 година Рејкјавик побарал да не се смета за кандидат.

Денес контекстот е поинаков. Земјата нема армија. Се потпира на НАТО и на договорот со САД од 1951 година. Географската позиција во Северниот Атлантик ја прави стратешка.

Анкетите покажуваат растечка поддршка за членство.

Рибата како судбина

Најголемата пречка останува риболовот. Риболовот е една од клучните индустрии во земјата. Со влез во Европската Унија, Исланд би морал да се усогласи со Заедничката рибарска политика на ЕУ. Меѓу другото, тоа за Исланд ќе значи и можни ограничувања на уловот.

Поранешниот претседател на Исланд Гуџи Јоханесон предупредил дека домашните политички отпори ќе бидат силни.

– На крајот, сè се сведува на рибата – оценил висок функционер од ЕУ.

Минатото на беше обележано со „Војните на бакаларот“ со Велика Британија. По Брегзит, таа динамика се менува. Брисел повеќе не преговара со Лондон околу квотите.

Брз финиш или преголем оптимизам

Исланд веќе е дел од Европската економска зона и од Шенген. Пред замрзнувањето затворил 11 од 33 поглавја. Теоретски, процесот може да трае 1 година.

Сепак, извори од Рејкјавик предупредуваат дека рокот е амбициозен.

Дури и ако референдумот за продолжување помине, ќе биде потребен уште еден референдум по завршувањето на преговорите.

Со петтиот највисок БДП по глава на жител во светот, економската мотивација е послаба. Безбедносната логика станува клучна.

Поврзани содржини