ЕУ ЌЕ СТАНЕ ЕНЕРГЕТСКИ НЕЗАВИСНА ЗА 5 ГОДИНИ Толку треба за да се ослободи од рускиот гас и нафта

Според еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони, до крајот на оваа година зависноста од гасот ќе се намали само за две третини. Тој вели дека економскиот раст на ЕУ ќе забави и нема да ги достигне планираните 4 отсто, но уште е рано да се каже дали тоа значи целосна стагнација.

180

Европската унија ќе се обиде да ја намали зависноста од руската нафта и гас за две третини до крајот на оваа година и да стане целосно независна до крајот на 2027 година, изјави еврокомесарот за економија Паоло Џентилони во интервју за италијанскиот весник „Месаџеро“.

Џентилони предвидува дека економскиот раст на ЕУ во 2022 година нема да ги достигне проектираните 4 отсто, но напоменува дека е рано да се каже дали доцнењето ќе доведе до стагнација.

На 16 мај се очекува ЕУ да ги објави своите т.н. пролетни прогнози.

Поврзани содржини